будалак | м.
будалаштилак | м.
будалаштина | ж.
Будалско однесување, будалеста постапка
будалее | несв.
Станува будала. Тој старееше и будалееше сè повеќе и повеќе.
будалест | прид.
Што покажува особини на будала, што се однесува како будала. Некогаш ми доаѓа будалеста мисла да дојдам во вашата соба и да ве гледам како спиете.
будалетина | м.
Аугументатив и пејоратив од будала.
будали (се) | несв.
Зборува или се однесува како будала, се прави будала. Си се натрескал, па се будалиш. Не будали (се)!
будалина | м.
будаличиште | м.
будалиште | ср.
Пејоратив од будала.