бува 1 | несв.
Испушта звук што го подражава гласот на бувот. Бууу, бууу! ‒ од куќата на кантарџиите бува бувот стар.
бува 2 | несв.
Удира, тупа, бие по нешто предизвикувајќи специфичен звук. Жените буваа матеница. Војниците го буваа (бувтаа) заробеникот со кундаците во грбот.
бувалка | ж.
Дрво за удирање, пиралка, за чукање 'рж и сл. Со бувалката се чука 'рж.
бувка | ж.
Туфка, пувка од пердуви на главата на некои птици. Убава беше шатката, со црна бувка на глава и со црвени нозе.
бувка | несв.
Турка некого, удира, бува, предизвикувајќи специфичен звук; Тој бувка одвреме-навреме.
бувне | св.
Тресне, силно удри. Тој ја бувна вратата и си отиде.
бувта | несв.
Удира, бие, тупа по нешто. Тапаните цел ден бувтаа и свиреа зурли.
бувтамбек | м.
Ќотек. Таму дошло до силни пресметки со бувтамбеци и ластегарки.
Бугарија | ж.
Држава во Европа.
будала | и.
ж./м. Глупак, нетокму, човек што не е сосема здрав со паметот. Будалите слепи се при очи. Пуштете го овој будала. Сандар будалиот.