бутин | м.

Тесен, долгнавест, дрвен сад за матење матеница. Жените врзуваа на бутините мартинки од смил и матерка.

бутина | ж.

Бедро, колк. До него седеше таа, рацете ѝ беа на бутините.

бутка | несв.

Турка. Селаните ги буткаа жените со децата поблиску до огнот.

бутка | ж.

Киоск, трафика. Цигари купи во бутката на аголот.

бутканица | ж.

Турканица, метеж. За да нема бутканици, ќе нè водат во редици ‒ рече жената.

бутне | св.

Турне. Тој ја бутна вратата сосила и влезе.

бутур | м.

Болест кај коњите со кашлање. Некои од добиците пцовисуваа природно, тивко и мирно ќе ги оптегнеа нозете, други пак си ги кршеа нозете или фаќаа бутури, имели и красти.

бутуриса | св.

Јако и силно турне, бутне некого. Ја фати за раменици и ја бутуриса во отворената порта.

бутурлив | прид.

Болен од бутур. Во таа куќа сите беа бутурничави

буф! | изв.

Извик со кој се имитира нешто што го предизвикува, или го испушта овој глас. И буф, буфна нешто зад ридон.