пустошник | м.

Тој што пустоши, што прави пустош.

пусула | ж.

Писмо, книвче, потврда, белешка. Му даде една пусула. Доби пусула за престојување во градот.

путер | м.

Млечен производ, маснотија добиен со биење на млекото. Сендвичи со путер. Си намачка путер на лебот.

путир | м.

Златна или сребрена чаша за вино кое им се дава при православниот обред на причестување. Сребрен путир.

путка | ж.

Женски полов орган.

пуф | изв.

Звук што се слуша при издишување на нешто надуено, балон и сл.

пуфка | несв.

За човек ‒ а) Испушта звук низ уста со кратки паузи. Туку оди и пуфка. б) Испушта дим од цигара при пушење. Пуфка со лулето пред дуќанот.

пуфла | ж.

Нечиста, неуредна, одвратна жена или девојка; смрдла.

пуч | м.

Обид од група заговорници да извршат државен преврат со насилно преземање на власта; државен удар

пучист | м.

Лице што врши или учествува во пуч.