пчелинок | м.

Лековита билка со пријатен мирис на мошус; Marrubium vulgare.

пченица | ж.

Житно растение со тенко стебленце и плод од зрна во клас; Triticum sativum. Бела пченица. Зимна пченица. Пролетна пченица.

пченичен | прид.

Што е од пченица. Пченичен леб. Пченично брашно.

пченичиште | ср.

Место посеано со пченица.

пченка | ж.

Житна култура со високо стебло и плод во вид на кочан со наредени крупни зрна; Zea mays. Хибридна пченка. Ронење пченка.

пченкарен | прид.

Што е од пченка. Пченкарен леб. Пченкарно брашно.

пченкариште | ср.

Место посадено со пченка.

пченкарник | м.

Леб од пченкарно брашно. За вечера имаа само пченкарник и сирење.

пченкарница | ж.

Вид леб приготвен од пченкарно брашно.