пченковина | ж.
Стеблата и листот и од пченката без кочани
пченкушка | ж.
Кочан, плод од пченка.
пченчиште | ср.
Стрниште од пченка.
Пчиња | ж.
Река во Македонија.
пчошки | прид.
Што се однесува на пес; кучешки. Пчошка храна.
пшт! | изв.
р | глас
Глас, сонант во македонскиот јазик, венечен по местото на образување, фрикативен по начинот на образување.
раат | м.
Мир, спокојство, удобност. Цели недели се немаше видено на раат со него. Децата не го оставаа на раат да работи. Која е таа сиромашка што не ќе дојде кај вас раат да трга? Му го расипа раатот.
раатиса | св.
Ослободи некого од грижа, тешкотија и сл.; смири, успокои некого. Тој ги раатиса од сиромаштија.
раатлак | м.
Спокојство, безгрижност, удобност. Чувај си го раатлакот!