радикал 1 | м.
Приврзаник на решителни мерки, на коренити, конкретни промени.
радикал 2 | м.
(хем.) Група атоми со еден слободен електрон, хемиски многу реактивна, па е со кус век на траење.
радикален | прид.
Што ја засега основата, суштината; коренит. Радикални промени. Радикално гледиште.
радикализам | м.
Стремеж кон коренити, суштински промени, примена на крајни, решителни мерки, целосна доследност во застапување на некои тези, идеи и мислења.
радикализација | ж.
Коренита, решителна промена; радикализирање. Во тој период доаѓа до радикализација на неговите ставови.
радикализира | св. и несв.
Темелно измени, изменува нешто или односот кон нешто; направи, прави да биде нешто порадикално.
радикалски | прид.
радио- 1 | претс.
Како прв дел од сложенки означува дека вториот дел од зборот се однесува на радио: радиоапарат, радиоврска, радиодрама, радиопредавател.
радио- 2 | претс.
Како прв дел од сложенки означува дека вториот дел од зборот се однесува на радиум: радиоактивност, радиографија, радиоскопија.
радио | ср.
Безжично пренесување на сигнали и звуци на голема оддалеченост со помош на електромагнетни бранови.