радиоактивен | прид.

Што се однесува на радиоактивност; што пројавува радиоактивност. Радиоактивни материи. Радиоактивни зраци.

радиоактивност | ж.

Својство на некои хемиски елементи при распаѓањето да испуштаат невидливи честички и зраци со силна енергија.

радиоаматер | м.

Тој што се занимава со радиотехника од хоби.

радиоапарат | м.

Апарат за примање радиобранови; радио, радиоприемник.

радиоастрономија | ж.

Гранка од астрономијата којашто се занимава со изучување на радиобрановото зрачење на космичките тела и со одразувањето на радиобрановите од предметите во меѓупланетарниот простор и во високата атмосфера.

радиобиологија | ж.

Гранка од биологијата којашто го проучува влијанието на радијацијата врз живите организми.

радиобран | м.

Електромагнетни бранови со определена должина коишто служат за безжично пренесување на сигнали.

радиовесник | м.

Весник, преглед на вести што се предаваат преку радио.

радиоврска | ж.

Телеграфска или телефонска врска помеѓу две оддалечени места преку радиостаници; апаратура за примање и засилување на радиосигнал.

радиограма | ж.

Вест пренесена преку радиотелеграф.