радиографија | ж.

Фотографирање со рендгенски и гама-зраци.

радиодифузија | ж.

Систематска распределба на работата и на мрежата на радиостаниците на определена територија.

радиодрама | ж.

Драма прилагодена за изведба преку радио. Тие ја слушаа попладневната радиодрама. Детска радиодрама.

радиоемисија | ж.

Пренесување на програма преку радио; програма емитувана на тој начин. Училишни радиоемисии.

радиокасетофон | м.

Радиоапарат со уред за репродуцирање на аудио касети.

радиокоментар | м.

Новинарски текст за определен актуелен настан што се предава преку радио.

радиокоментатор | м.

Тој што коментира јавни настани и случувања преку радио.

радиолог | м.

Специјалист по радиологија.

радиологија | ж.

Наука за дејството на радиумот и на рендгенските зраци и нивната примена во медицината.

радиолокатор | м.

Апарат за откривање на различни објекти со помош на радиолокација.