разварка | св.

Направи некој да брза.

разведе | св.

Раскине брак на некого по законска постапка.

разведен | прид.

Што се развел од сопругата, што се развела од сопругот по законски пат. Разведена жена.

разведеник | м.

Тој што е разведен, разведен маж.

разведеница | ж.

Таа што е разведена, разведена жена.

разведреност | ж.

Состојба на небото, времето кога е разведрено;

разведри | св.

За време, за небо ‒ направи да стане ведро, јасно. Ветрот го разведри небото.

развее | св.

Направи нешто да се вее, да се лелее на сите страни. Го развеа знамето на јарболот. Таа го развеа марамчето на орото.