раздими | св.
Направи нешто да почне да испушта дим; распали, разгори. Големиот студ ги раздими оџаците на куќите.
раздипли | св.
Развие, развитка, одвие, одвитка нешто свиено, завиено. Таа ја раздипли облеката од куферот. Го раздипли весникот и фати да чита.
раздира (се) | несв.
раздирачки | прид.
Што пронижува, што пара. Раздирачка тага.
раздирлив | прид.
Што пронижува, што пара. Раздирлив крик.
раздобје | ср.
Подолг временски период обележан од некој значаен настан во историјата, науката, уметноста итн.; епоха.
раздол | м.
Место каде што се разделува еден дол во два или повеќе краци.
раздолжи 1 | св.
Ослободи некого од долг, отпише долг некому. Секако дека ќе ти помогнам и ќе те раздолжам.
раздолжи (се) 2 | св.
раздоми | св.
Растури дом некому. Честите преселби од град во град ги раздомија.