разлока | св.

Разрие, раскопа, разрони. Мразот ги разлока улиците. Поројот ги разлока бреговите на реката. Водата го разлока патот.

разломоти се | св.

Почне многу да ломоти, да зборува, да брбори сè и сешто. Девојчињата се разломотиле.

разлошен | прид.

Што престанал да биде добар, мирен, кроток; станал лош или уште полош. Разлошени деца. Разлошени соседи.

разлоши | св.

Поттикне некого, направи некој да стане лош. Неговите совети ги разлошија децата.

разлуден | прид.

Што е умствено растроен во нагласена мера; станал луд или уште полуд. Разлуден човек.

разлула | св.

Разниша, разлелее; почне да ниша, да лелее силно или уште посилно. Таа го разлула бебето и почна да му пее. Брановите го разлулаа кајчето.

разлулан | прид.

Што е несигурен, нестабилен; разнишан. Разлулана самодоверба. Разлулана позиција.

разлулеан | прид.

Што е занесен, поведен од емоции. Разлулеани чувства. Разлулеана девојка.

разлулее | глаг.

разлутен 1 | прид.

За храна ‒ што е лут по вкус. Разлутена манџа.