разлистен | прид.

Стане обвиен со лисје. Разлистени дрвја. Разлистен даб.

разлисти | св.

За растение ‒ пушти лисја, развие лисја. Во градината разлистија растенијата. Благунот разлисти.

различен | прид.

Поинаков (појава, предмет, лице и сл.) од другите, што се одделува според своите поинакви особености. Различен проект. Два различни света. Различни погледи на светот. Различен состав.

различи 1 | св.

Види, забележи разлика кај нешто (предмет, појава и сл.) и/или кај некого. Тој не може да го различи вистинскиот квалитет. Тој ја различи добрата од лошата постапка.

различи 2 | св.

Направи да стане нешто полично, поубаво, подобро и сл. Новогодишните украси го различија градот. Таа ја различи собата со цвеќиња.

различит | прид.

Разлог | м.

Гратче во Пиринска Македонија, Бугарија.

разложен | прид.

Добар, протолкуван, образложен, разумен. Разложен одговор. Разложна постапка.

разложи 1 | св.

Раздели, оддели на составни елементи, на делови. Тој го разложи дадениот вектор. Професорот ги разложи примерите и ги систематизира според определена шема.

разложи 2 | св.

Изгасне оган, престане да го ложи; Тој го разложи огнот.