разлутен 2 | прид.

Што се лути, што е исполнет со лутина; лут, гневен, бесен. Разлутен човек.

разлути 1 | св.

Направи нешто да стане луто по вкус. Везените пиперки ја разлутија манџата. Со неколку феферончиња го разлути јадењето. Ренот ја разлути салатата.

разлути 2 | св.

Доведе некого во состојба на бес, гнев, лутина; налути, разгневи, расрди некого. Тој ја разлути девојката со своето непристојно однесување. Таа ги разлути кучињата. Неговата арогантност ги разлути присутните.

разљуби | св.

Престане да љуби, да сака некого или нешто; отсака. Таа го разљуби.

размав | м.

Силен замав, широчина на развој, обем, размер; засиленост на некоја активност, дејност или движење. Размавот на економијата се движи со засилено темпо. Творечки размав. Полн размав на нејзиниот глас.

размава 1 | несв.

Прави широки движења со рацете или со нешто друго; размавнува. Кога зборува, размава со рацете. Не размавај со стапот, ќе удриш некого.

размава 2 | несв.

Мава, удира на различни страни по некого или со нешто многу, засилено. Кога ќе се налути, размава со различни предмети по децата. Тој се налути и ги размава децата и жената.

размавне | св.

Направи силно, широко движење со рацете или со нешто; Ако размавне, сè ќе истурка. Размавна отсечно со раката и ги преврте чашите.

размавта | св.

Почне да мавта со раце или со нешто друго;

размагнетизира | св. и несв.

Престане, престанува да има моќ на магнет, престане, престанува да привлекува;