разнообразие | ср.

Тематско разнообразие

разнороден | прид.

Што е од различен род; што е со различен состав и карактеристики. Разнородна флора. Разнородни елементи. Разнородни дискусии. Разнородни градежни материјали.

разнос | м.

Доставка, доставување, разнесување нешто (предмети, пратки и сл.) на различни места. Разносот од оваа фирма никогаш не доцни.

разносен 1 | прид.

Што се однесува на разнос, на разнесување (за книга во која се води евиденција за предадени пратки). Разносна книга.

разносен 2 | прид.

Глаголска придавка од разноси.

разноси | св.

Со носење (чевли, облека) направи да стане приспособено кон телото, удобно за носење. Девојчето ги разноси новите чевли. Разноси го фустанот и ќе се пушти.

разносложен | прид.

Што е на различни слогови. Разносложен акцент.

разностран | прид.

(мат.) Што има различни страни. Разностран триаголник. Разностран повеќеаголник.