ракетодром | м.

Место уредено за полетување, за лансирање, за сместување и за одржување ракети и други слични летала на реактивен погон. Ракетодром за вселенски летови.

ракетоносач | м.

Брод и сл. што е носач на ракети.

ракетоплан | м.

Ракета што сообраќа како авион; шатл.

ракиен | прид.

Што е за сместување, за чување ракија, за пиење ракија. Ракиено шише. Ракиена бочва. Ракиени чаши. Ракиени казани.

ракија | ж.

Алкохолен пијалак што се добива со дестилација на комиње од грозје, овошје, компир или од житни растенија, кога гликозата од овошјето и сл. се претвора во етанол што се раствора со дестилирана вода. Гроздова ракија. Комова ракија. Сливова ракија. Греана ракија. Тој пие само домашна ракија.

ракијада | ж.

Манифестација, настан, натпревар во правење подобра и поквалиетна ракија. Ракијада во Валандово.

ракијар | м.

Производител на ракија или трговец со ракија. Најпознатите ракијари се од Кавадаречко.

раки-сапун | м.

Име за тоалетен сапун во минатото носен од Исток.

ракита | ж.

Вид ниска врба со црвеникава кора; Salix purpurea. Крај реката нависнале ракити.