ракавица | ж.
Дел од облеката што служи за заштита на рацете, на дланката и на прстите. Волнени ракавици. Долги и куси ракавици. Заштитни ракавици. Гумени ракавици. Ја изгубив едната ракавица.
ракавичар | м.
Лице што произведува или што продава ракавици.
ракатен | прид.
Ракатна пила.
ракатка | ж.
Количина жито, трева и сл. колку што може да се опфати со една рака; китка 2. Ракатка полски цвеќиња. Неколку ракатки оризова трева. Ракатка праз.
ракета 1 | ж.
а) (воен.) Експлозивно тело со разорна моќ, проектил. Атомските ракети се свртени кон небото. Во подморницата има сто атомски ракети. Најновите ракети имаат силна разорна моќ. Ракета земја ‒ воздух. б) Вид граната што експлодира во воздух и дава светлина. Сигнална ракета. Светлосна ракета. Запалива ракета. Правеле огномет со ракети.
ракета 2 | ж.
Лопатка за играње пинг‒понг. Кинески ракети. Силен удар со ракетата кон левиот агол.
ракетар | м.
Аматер што се занимава со изработка на летала на реактивен погон. Најдобрите ракетари беа наградени.
ракетарство | ср.
Аматерска изработка на летала на реактивен погон. Натпревар по ракетарство.
ракетен | прид.
Што се однесува на ракета1. Ракетна техника. Ракетен систем. Ракетна рампа. Ракетен знак. Ракетен сигнал. Ракетни балони.
ракетира | св. и несв.
Исфрли, исфрла ракети, изврши, врши напад, гаѓање со ракети. Тие ракетираа неколку проектили. Секој час ракетираа по една сигнална ракета. Во утринските часови го ракетираа градот.