ракометен | прид.

Што припаѓа, што се однесува на ракомет. Ракометен турнир. Ракометна топка. Ракометно првенство. Ракометно игралиште.

ракообразен | прид.

Што има облик на рак, раколик; Ракообразни животни. Ракообразни форми.

ракопашен | прид.

Само во составот: ракопашен бој, ракопашна борба ‒ борба гради в гради со ладно оружје.

ракопис | м.

Начин на пишување на перото при движење со рака, стил, специфична форма, специфичен облик на пишување на буквите. Убав ракопис. Читлив ракопис. Тој внимава на ракописот кога ги пишува писмата за неа.

ракописен | прид.

Што се однесува на ракопис, што е во ракопис. Ракописни букви. Ракописно писмо. Ракописни книги. Ракописни текстови. Ракописна збирка. Ракописно наследство.

ракоплеска | несв.

Плеска со рацете, аплаудира во знак на одобрување или на пофалба. Сите ракоплескаа. Публиката ракоплескаше.

ракоплескач | м.

Лажни поддржувачи, донесена публика платена да ракоплеска. Група ракоплескачи се огласуваа на дадениот знак.

ракоположи | св.

Постави, унапреди, воведе некого во црковен чин, направи да влезе во некаков црковен ред. Него го ракоположиле за епископ. Во Рим го ракоположиле за словенски свештеник.

ракотворба | ж.

Рачно изработена творба. Дрвени ракотворби. Македонски ракотворби. Домашни ракотворби.