ракотворец | м.
Лице што изработува ракотворби, рачно произведува некои предмети, обично авторски дела, рачно создава творби. Македонските ракотворци, копаничари и терзии се познати надалеку.
ракува | несв.
Управува, се служи со нешто (машина, алат, оружје итн.). Тој знае да ракува со трактор. Таа ракува со машината според даденото упатство. Тој ракува со пиштолот исто толку добро како и со пушката.
ракува се | св. и несв.
Се поздрави, се поздравува еден со друг, подавајќи си раце, прави со некого заеднички поздрав со рацете. Добродушно се ракуваа. Тој се ракуваше со сите. Нежно се ракуваа.
ракувач | м.
Лице што знае да управува, да ракува со нешто. Тој е вешт ракувач со огнено оружје. Тие се опитни ракувачи со овие моторни пили.
ракун | м.
Северноамериканско диво четириножно животно, цицач, со скапоцено крзно и карактеристични црни шарки околу очите; Procyon lotor.
ракурс | м.
Во уметноста ‒ агол на снимање, положба на објективот на камерата во која е сосредоточен некој детаљ; агол на набљудување, гледна точка, гледиште. Позиција на двоен и обратен ракурс.
ракче | ср.
Салата со ракчиња и со други морски плодови. Во вирот имаше ракчиња. Морски ракчиња.
ралица | ж.
Дел од рало, рачка на ралото, на плугот. Тој се фати за ралицата и ја направи првата бразда. Плужни ралици.
ралник | м.
Дел од плуг што ја сече хоризонтално земјата при орање и ја превртува. Ралникот ја сече почвата хоризонтално, а ножот вертикално. Ралникот се изработува од квалитетен челик. Овој модерен трактор има неколку ралници.
ралниче | ср.
Дел од машински сеалки, мали ралници што прават бразди каде што се сее семето. Редосеалките имаат обично и дисковидно ралниче.