ракоделец | м.

Работник што работи рачно, што се занимава со рачна изработка. Се намали бројот на ракоделците.

ракоделски | прид.

Што се однесува на ракоделец и на ракоделство. Ракоделски планови. Ракоделска програма за работа.

ракоделство | ср.

Рачен труд, обично женска рачна работа (плетење, везење и сл.). Ракоделството се насочи кон културното фолклорно наследство и кон традицијата.

раколик | прид.

Раковиден, ракообразен. Раколики фигури. Раколики форми на животни.

ракомет | м.

Вид спорт, игра со топка со раце меѓу две екипи од кои секоја се обидува да даде повеќе погодоци во спротивниот гол. Македонскиот ракомет е во подем. Женски ракомет.

ракометар | м.

Спортист што се занимава со ракомет. Тој е најдобриот македонски ракометар.