ралничен | прид.

Што е како ралник, што се однесува на ралник. Ралнични и обични плугови. Ралничните плугови се најстари.

рало | ср.

Земјоделско орудие за орање, обично изработено од дрво. Дрвените рала сè уште се употребуваат во планинските предели. Тој ги зеде ралото и воловите и почна да ора.

рам | м.

рамазан | м.

Деветти месец од исламскиот календар, месец на строг пост кај муслиманите кога се јаде само ноќе во определени часови.

рамен | прид.

Што се однесува на рамо. Раменен појас. Рамена коска.

рамен | прид.

Што е без височини, ридови и угорнини во вертикална насока, за земја, пат и сл. Рамна месност со мал број жители. Рамна калдрма. Рамни патишта. Рамно место.

раменица | ж.

рамо.

раменски | прид.

Што припаѓа, што се однесува на рамо. Раменски појас. Раменски коски.