рамничарски | прид.

Што е својствен, што ѝ припаѓа на рамница. Рамничарски предели. Рамничарско пасиште. Рамничарско село. Рамничарска населба.

рамниште | ср.

Рамно место; рамнина, рамница. Децата играа фудбал на рамништето.

рамно 1 | ср.

Тие излегоа на рамно. На рамното кога одам ми е полесно.

рамно 2 | ср.

Вид народно оро, обично членувано. Девојките го играа рамното.

рамно- | претс.

Како прв дел од сложенки со значење ист, еднаков со некој друг или со нешто друго според означеното со вториот дел од сложенката (рамноправен, рамноделен, рамнозначен, рамнокрак, рамносилен).

рамноаголен | прид.

Што има еднакви, исти агли. Рамноаголен триаголник. Рамноаголен многуаголник.

рамноапостол | м.

Еднаков, ист, рамен со апостолите. Рамноапостолот Кирил. Рамноапостолите Кирил и Методиј.

рамноглав | прид.

Што е ист по височина со некого; токмоглав. Рамноглави деца.

рамногласен | прид.

Што има ист глас, во ист ритам, еднаков тоналитет без да се менува. Рамногласни звуци. Рамногласно пеење.