рамноденица | ж.

Време, деноноќие во годината кога денот и ноќта еднакво траат. Сите ритуали биле правени на рамнодениците. Есенска рамноденица. Пролетна рамноденица.

рамнодушен | прид.

Што е незаинтересиран, без интерес кон она што го опкружува. Рамнодушни ученици. Рамнодушни соседи. Рамнодушни слушатели.

рамнозначен | прид.

Што е еднаков, ист по значење; Рамнозначни изрази. Рамнозначни зборови. Рамнозначни термини.

рамнокрак | прид.

Што има еднакви, исти краци. Рамнокрак триаголник.

рамномерен | прид.

Што е постојан, еднаков, ист, одмерен во некаков однос. Рамномерен чекор. Рамномерни удари. Рамномерно трепкање. Рамномерен развиток. Рамномерно движење.

рамнообразен | прид.

Што има ист, идентичен вид, лик. Рамнообразни форми на жив свет.

рамноправен | прид.

Што има исти права како и другите, што е еднаков, изедначен во правата со другите. Рамноправен граѓанин. Рамноправен противник. Рамноправен член. Рамноправен третман. Рамноправен партнер.