раничка | ж.
Раничка на усната. Раничка на раката.
раничко | прил.
ранка | ж.
Вид круша, цреша, дуња, грозје или слива што даваат плодови меѓу првите овошја. Сливата ранка дава поситни плодови.
ранко | прил.
Ранко си легнавме, ранко да станеме.
ранлив | прид.
Што може да биде ранет, да добие рана. Само петицата беше неговото ранливо место.
рано | прил.
ранобуда | м.
ранобуден | прид.
Што се разбудува, што се буди рано. Ранобудните петли ја навестија зората. Ранобудни фабрички работници. Ранобудна домаќинка.
ранобудник | м.
Тој што се буди, што се разбудува рано. Тој е ранобудник.
рановизантиски | прид.
Што е, што се појавува во раниот византиски период. Рановизантиска книжевност. Рановизантиски текстови. Рановизантиска епоха.