ранец 2 | м.

Еден вид специјална торба, чанта со ремени отстрана што се носи нарамена на грб; Планинарски ранец. Војнички ранец. Училишни ранци.

ранешен | прид.

ранжир | м.

Распоред, разместување, средување според определени мерила, критериуми, потреби. Тој врши ранжир на книгите во библиотеката. Изврши ранжир на вагоните во композицијата.

ранжира | св. и несв.

Распореди, распоредува, размести, разместува нешто; Таа ги ранжира книгите и старите списи. Два часа ги ранжира железничките вагони.

ранжирен | прид.

Што се однесува на ранжир. Ранжирен погон. Ранжирна станица.

рани 1 | св.

Нанесе некому рана. Неа ја ранија во десната рака. Тие смртно го ранија момчето.

рани 2 | несв.

Станува рано наутро; порани, подрани. Рано ми ранила млада невеста.

рани 3 | несв.

ранина | ж.

Многу рано наутро, пред зора. Прва ранина.

раница | ж.

Специјална торба за храна и сл. што се носи на рамо; Полна раница. Празна раница. Носеше раница со храна на грбот.