рапсодичен | прид.
Што има елементи или карактеристики на рапсодија. Рапсодични напеви.
рапче | ср.
Неколку рапчиња на ракавите.
раритет | м.
Реткост, нешто несекојдневно, што се издвојува по својот квалитет или по некоја друга карактеристика. Овој камен е раритет. Ваквите настани се раритет кај нас.
раритетен | прид.
Редок, исклучителен, малоброен. Раритетни сорти. Раритетна убавина. Раритетен примерок. Раритетен настан.
раса 1 | ж.
Историски создаден тип луѓе со заеднички телесни и духовни својства, морфолошки, географски и др. особини, со заеднички наследни физички карактеристики што се појавиле со текот на еволуцијата со приспособувањето кон определени средини и што ги издвојуваат од другите (боја на кожата, очи, коса, структура на телото и сл.). Бела раса. Црна раса. Жолта раса. На средбата присуствуваа припадници од сите раси. Формата на косата варира според расата на човекот, а исто така и бојата на очите. Припадници на белата раса.
раса 2 | ж.
расад | м.
Специјално одгледувани растенија за пресадување. Расад за домати. Расадот е подготвен за садење. Празот се одгледува исклучиво со расад. Расад за цвеќиња. Расад на тутун. Производство на расади. Квалитетен расад.
расаден | прид.
Што е одгледан со помош на расад, со расадување. Расаден начин на производство. Расадни растенија. Расаден систем.
расади | св.
Пресади растенија, расад на определени места. По еден месец ги расади цвеќињата. Напролет го расади празот.
расадилиште | ср.
Површина, дел од расадник што служи за расадување на прегусто изникнат расад.