расадник | м.
Простор, градина каде што се одгледуваат растенија за расадување. Во расадникот имаше неколку видови цвеќе. Најсигурен расад е од расадниците.
расадничар | м.
Лице што работи во расадник или што одгледува расад.
расадосадачка | ж.
Машина за механичко расадување расад. Расадосадачка со автоматски диск за расадување.
расвести | св.
Направи некој да почне да преоѓа од несвесна во свесна состојба; освести. Студената вода и свежиот воздух ја расвестија девојката. Таа го расвести со вода и со студени облоги.
расветли | св.
Опсипе, облее со светлина. Тој ја расветли собичката со батерија. Тој го расветли патот. Месечината го расветли морето.
расвири се | св.
Почне да свири многу, се занесе во свирењето. Тој се расвири и од срце се израдува.
Рас Дашан | м.
Планински врв во Етиопија, Африка.
расеан | прид.
Глаголска придавка од расее. Семето е расеано од ветрот.
расева | несв.
расед | м.
Расцеп, пукнатина во Земјината кора.