раскрене | св.
Раздигне, расчисти, направи да стане средено, наместено. Ние ќе ја раскренеме масата, вие одете во другата соба. Децата ја раскренаа постелнината.
раскрепости | св.
Ослободи некого од крепосна зависност; Востаниците ги раскрепостија селаните.
раскреска се | св.
За некои птици ‒ почне силно, зачестено да креска; креска. Птиците се раскрескале на дрвото.
раскрива | несв.
раскрие | св.
Открие тоа што било скриено, покриено.
раскрили | св.
Отвори, рашири крилја. Орелот ги раскрили крилјата и летна.
раскринка | св.
Открие, разоткрие целосно, изнесе пред јавност нечија незаконска или неморална дејност. Тој ги раскринка јавно предавниците. Тој го откри и го раскринка. Таа ја раскринка нивната политика.
раскрка се | св.
раскрека_2
раскрои | св.
Разреже со кроење ткаенина, кожа и сл. Таа го раскрои платното. Мајсторот ја раскрои кожата.
раскрпи | св.
Распара, распори нешто закрпено; Девојчето ги раскрпи џебовите на панталоните.