раскрсница | ж.

Сообраќајница, место каде што се вкрстуваат, се пресечуваат повеќе патишта, улици; крстосница, крстопат, распаќе. Нашиот град има многу раскрсници. Раскрсница со семафори.

раскрсти | св.

Раскине односи со некого; заврши со нешто, стави крај на нешто, престане да соработува или да другарува со некого. Јас раскрстив со семејството, ама раскрстив и со пиењето. Таа раскрсти со старите навики.

раскрупни | св.

Ситни пари ги претвори во банкноти со поголема вредност. Раскрупни ги металните пари во една банкнота.

раскрцка | св.

Почне да крцка зачестено, засилено; Таа ги раскрцка забите. Тие ги раскрцкаа оревите.

раскрчми | св.

Потроши сè докрај (за имот, за пари итн.); Ние ги раскрчмивме парите. Таа ги раскрчми ткаените чаршафи.

раскрши | св.

Скрши на два или на повеќе делови. Таа го раскрши лебот на неколку парчиња. Сватовите ја раскршија погачата. Тој ги раскрши прачките.

раскубе | св.

Почне да кубе нешто или некого со засилен интензитет, повеќе или уште повеќе. Таа ја раскуба за косата. Таа си ја раскуба кошулата. Девојките ги раскубаа пердувите на кокошките.

раскука се | св.

Почне да кука зачестено, засилено; Надвор се раскукала птица. Жените се раскукале.

раскуќи | св.

Растури, запусти, уништи куќа или семејство, дом со несоодветно стопанисување; Тој го раскуќи домот, ја раскуќи куќата.