раскошка | св.

Почне да кошка нешто, растури нешто со кошкање засилено, повеќе или уште малку повеќе;

раскоштрави | св.

Разбушави некого; прави да изгледа некој несреден, неуреден. Таа ги раскоштравила децата.

раскрака се | св.

За кокошки и некои други птици ‒ почне силно, зачестено да крака. Кокошките силно се раскракале.

раскраси | св.

Разубави, украси повеќе или уште повеќе. Таа ја раскраси просторијата со светилки во разни бои.

раскрачи | св.

Рашири широко нозе. Тој седна на столот и ги раскрачи нозете. Таа непристојно ги раскрачила нозете.

раскрвавен | прид.

Што е облеан со крв. Раскрвавен нос. Раскрвавена облека.

раскрвави | св.

Направи да потече крв некому, да биде нешто облеано со крв, разрани некого или дел од сопственото тело. Тој му го раскрвави носот. Му ја раскрвавиле главата на кучето. Таа паднала и ја раскрвавила ногата.

раскрви се | св.

Се степа, се скара, многу се скрвави со некого. Тие се раскрвија, не сакаа да се видат.

раскрева | несв.

Раздига, прави да стане средено, наместено; крене; Таа ја раскрева масата и ги мие садовите. Секое утро децата ја раскреваа постелнината.

раскрека се | св.

За жаба ‒ почне силно, зачестено да крека. Во вирот се раскрекале жабите.