расподели | св.
Подели повеќе или уште повеќе; подели_1_2
распознава (се) | несв.
распознае | св.
Различи, познае некого или нешто сред множество лица или предмети. Тој го распозна нејзиниот глас. По толку години и во темнина лесно ја распознав.
распознатлив | прид.
Препознатлив, што може да се распознае лесно. Распознатлив стил. Распознатливи лица. Распознатливи делови.
распојаса | св.
Отстрани појас од нечија половина. Жената го распојаси мажот и му даде чиста облека за да се преслече.
распојде се | св.
распокине | св.
Испокине, искине во голема мера или многу нешта. Тој ги распокина листовите. Ги распокинав чевлите барајќи ја неа.
располага | несв.
Владее со нешто; држи нешто во своја власт и користи по своја волја; има над нешто неограничена власт и моќ. Власта располага со сите ресурси. Тие располагаат со богатството.
расползи се | св.
За дете или за животно ‒ почне да ползи, да лази повеќе; се. Во седмиот месец детето се расползи. Во ливадата се расползиле змии.
располови | св.
Преполови, расече на два дела, на две половини. Месарите ја располовија свињата. Таа го располови јаболкото и му даде на момчето.