расправа | несв.

Раскажува, усно искажува со зборови, поопширно зборува за нешто. Тие им расправаа на граѓаните за големиот град. Таа расправаше за настаните.

расправачка | ж.

Караница, кавга, расправија. Домашни расправачки. Нашата расправачка ги мина границите.

расправи | св.

Усно изложи, раскаже нешто; расправа Тој им расправи како му било тешко сам.

расправија | ж.

Караница, кавга, усна препирка. Тешка расправија. Големи расправии. Растеше во расправии и безредие.

распрати | св.

Прати на различни места. Таа ги распрати сите покани.

распраша | св.

Зададе, постави некому повеќе прашања со цел да дознае, да разјасни нешто. Тој го распраша момчето за настаните во населбата. Тие го распрашаа за гостите.

распраши | св.

Изврши прашење;

распрашувач | м.

Алатка, машина или дел од машина што служи за распрашување земја. Во комората се вградува распрашувач.

распрден | прид.

Разгален. Распрдени деца.

распрди | св.

Премногу разгали. Тие го распрдиле детето.