распрега | несв.

распрегне | св.

Оттргне, ослободи од спрега, отпрегне; спрегне. Тој ги распрегна маските. Тој го распрегна волот.

распреде | св.

Прави да стане расучено, отсуче нишки што се предени. Таа го распреде волнениот конец. Девојчето го распреде волненото клопче.

распределба | ж.

Разместување, распоред, поставување ред. Таа направи распределба во групи според возраста. Новата распределба во станот не му се допадна.

распределеност | ж.

Состојба на тоа што е распределено. Територијална распределеност на определената појава.

распредели | св.

Раздели нешто меѓу мнозина по определен ред. Тој го распредели имотот на децата. Таа ги распредели парите на хуманитарни организации. Наставникот им ги распредели темите на учениците.

распрета | св.

а) Разгрне, отстрани пепел од жар или од тоа што се пече под пепелта. Таа ја распрета жарта и го потпали огнот. Таа ја распрета пепелта и ги извади уште врели компирите. б) Разгрне нешто покриено со земја, со песок, со снег и сл. Тие го распретаа патот од снегот. в) Со претање растури нешто. Кокошките го распретале ѓубрето во дворот.

распријатели | св.

Стори, направи да се скараат пријатели, да се уништи нечие пријателство. Тој ги распријатели децата.

расприкажаност | ж.

Состојба на тој што е расприкажан и на тоа што е расприкажано.