распространувач | м.

Личност што шири некакво влијание, што дејствува во некоја област. Распространувач на класичната музика во Македонија. Распространувачи на романтизмот.

распростре | св.

Простре нешто нашироко. Тој го распростре шаторот на ливадата. Таа ги распростре чаршафите.

распрпела | св.

Прпела малку или уште малку. Таа го распрпела месото во брашно.

распрпелка | св.

Распрпела малку;

распрска | св.

Изврши прскање со течност нашироко, на разни страни; прска 2. распрсне

распрскувач | м.

Прскалка или дел од прскалка. Распрскувачите се поставуваат на неколку места. Преку цевката водата доаѓа до распрскувачот.

распрснат | прид.

Што е расчленет на ситни делови. Распрснати парчиња од стакло.

распрсне | св.

Разнесе на ситни парчиња проследено со остар звук, прсне на разни страни, растури. Ракетите распрснаа на небото. Неколку бомби распрснаа крај нас.

распрснувач | м.

Сад со направа за распрснување течност. Ароматизирани распрснувачи. Распрснувач за боја.

распрчка | св.

Расфрли, растури; прчка. Децата ја распрчкале собата.