распука | св.
Направи нешто да добие пукнатини, да се раздвои. Таа ја распука тиквата. Тој ја распука стомната од ѕидот.
распукне | св.
Пукне целосно, докрај; распука.
распули | св.
Загледа, разгледа убаво, гледа со зголемен интерес кон нешто. Пред да го земеш фустанот, распули го убаво. Тој го распули девојчето од сите страни.
распупи (се) | св.
Пушти пупки, пупи целосно и нагласено. Црешата распупи. Сите цвеќиња (се) распупиле.
распуст | м.
Училиштен одмор, прекин на настава во текот на учебната година или меѓу две учебни години. Сите училишни распусти се планирани временски. Децата сега се на распуст. Неколку распусти оди кај баба му. Училиштен распуст. Зимските распусти. Летен распуст.
распуфка се | св.
Почне силно да пуфка, да брефта; Тие многу се распуфкале. Мажине се распуфкале, ништо не се гледа во собата од чад. Моторот се распуфка.
распуши се | св.
Натера некого да почне да пуши многу. Тој се распуши дружејќи се со него.
распушта | несв.
распуштен | прид.
Своеволен, недисциплиниран, без контрола на однесувањето; несреден. Распуштени деца. Распуштен ѕвер. Распуштени луѓе. Распуштена коса.
распуштеник | м.
Маж разведен од жената. Млад распуштеник.