расприкаже | св.
Натера, поттикне некого да зборува, да се занесе во зборување;
распродава | несв.
распродаде | св.
Продаде сè, докрај, обично по пониска цена. Билетите ги распродадовме веднаш. Таа ја распродаде летната конфекција.
распродажба | ж.
Продажба на сета преостаната стока по пониска цена. Почнаа распродажбите. Сезонска распродажба.
распролети се | св.
Настапи, дојде пролет. Времето се распролети.
распромени | св.
Преслече облека, обично нова, празнична. Таа ги распромени децата.
распростира | несв.
распростирач | м.
Простирка, ткаенина за покривање. Шарени распростирачи.
распространет | прид.
Проширен, раширен, познат нашироко. Распространето мислење. Распространет израз. Распространети ендемски видови. Распространета болест.
распространи | св.
Направи нешто да зафати голем простор, прошири, рашири. Тој го распространи својот имот.