распушти | св.

Пушти на одмор, дозволи да се разотидат, ослободи од некаква дејност. Министерството ги распушти училиштата. Генералот ја распушти војската. Тие ги распуштија работниците од погонот.

распцуе | св.

Натера некого да почне да пцуе многу. Тој ги распцу децата.

расрди | св.

Налути, разлути некого. Тој многу ги расрди селаните. Таа ги расрди присутните.

рассали се | св.

За сало ‒ се стопи, се растопи. Салото се рассали од врелиот оган.

раст 1 | м.

Бој, става. Таа го позна момчето по растот. По растот личи на мене. Девојка со среден раст. Џиновски раст. Мал раст.

растажен | прид.

Тажен, натажен, обземен од тага. Растажени родители. Растажено дете.

растажи | св.

Натажи некого, предизвика тага кај некого. Таа ги растажи присутните. Тој ги растажи сите.

растајни | св.

Одгатне, растолкува, разјасни, открие нешто тајно. Тој ги растајни нејзините зборови. Јас му растајнив сè.

расталка се | св.

Почне да талка, да шета, мине многу време во талкање. Тие се расталкаа по продавници. Таа се расталка по светот.