растресит | прид.

Што лесно може да се растресе, што лесно се рони, се ситни; ровкав, ровок, мек, обично за земја и во исхраната. Растресита почва. Растресита земја. Растресита материја.

растреска се | св.

Почне силно да треска. Таа се растрескала низ куќи. Прозорците се растрескаа од силниот ветер.

растрешти се | св.

Почне силно да трешти, да грми. Надвор се растрешти, се разгрми и почна да врне.

растрие | св.

Истрие, потрие, трие со зголемен интензитет. Тој стана и си ги растри очите. Таа му ја растри раката.

растркала | св.

Почне да тркала нешто или некого. Тој ги растркала џамлиите низ собата. Таа го растркала детето на креветот.

растрлуши | св.

Разбушави, бушави. Таа ги растрлушила децата. Ветрот ѝ ја растрлушил долгата коса.

растроен | прид.

За ред, строј ‒ растурен, расипан. Растроена редица. Растроена колона.

растрои | св.

Наруши нормален ред, строј и сл. Тој ги растрои партиските редови. Последните немири го растроија стариот поредок.

растројство | ср.

Состојба на безредие, отсуство на ред, нарушеност на нормалниот ред. Растројство во банкарскиот систем. Економско растројство. Временски растројства.

растропа се | св.

Почне силно, многу да тропа. Мајсторите се растропаа. Децата се растропаа.