растроши | св.
Изрони, направи да стане во вид на трошки, ронки. Таа го растроши лебот и го попари со млеко. Растроши едно парче леб и им го даде на врапчињата.
раструби | св.
Разгласи, рашири, распространи некаква информација насекаде. Таа раструбила дека сме се скарале.
растрча | св.
Натера, направи некој да почне да трча, да биде во активна состојба. Таа ги растрча помошничките. Тој го растрча кучето. Тие ги растрчаа учениците по различни секции. Таа растрча по масите и ги нудеше гостите со пијалак.
растршавен | прид.
Растрлушен, разбушавен, несреден. Растршавена девојка. Растршавени деца.
растршави | св.
растуѓи | св.
раступа се | св.
Почне да тупа, да удира засилено. Децата се раступаа.
раступка се | св.
Почне да тупка, да тропа засилено. Децата се раступкаа со нозете.
растур | м.
Растурање, растуреност; растури.
растура | несв.