ре- | претс.

Претставка, префикс кај зборови од интернационалната лексика со значење: повторно, одново, обратно, назад (ревакцинација, реконструкција, реорганизација, реакција итн.).

реа | ж.

Остар, силен мирис. Околу неа се ширеше реа од скап парфем. Од облеката доаѓаше реа од средството за омекнување.

реав | прид.

Разресен, тенок, што се изѕира. Реави пердиња. Реава ткаенина. Реаво здолниште.

реагенс | м.

Активна супстанција, меѓупроизвод или готов производ во вид на средство што се користи во хемиски анализи за да се добијат или да се потврдат основните карактеристики на друга супстанција, материја и сл. Овој реагенс се употребува во процесот на прозводство во козметичката индустрија. Реагенси во форма на прав и во форма на течност.

реагира | св. и несв.

Возврати, возвраќа; одговори, одговара на некој начин на примени податоци, дразби и сл. Гледачите реагираа со бурна смеа. Овие цвеќиња реагираат на студено време. Лицето реагираше на допир.

реактив | м.

Супстанција, материја со сложен состав што предизвикува определена реакција; Оваа материја е моќен реактив.

реактивација | ж.

Повторно активирање, повторно враќање во активна положба (дејност, работа, функција и сл.). Реактивација на погонот за производство. Реактивација на дејноста.

реактивен | прид.

(хем.) Што се однесува на реактив, што служи како реактив во хемиските анализи. Реактивна материја. Реактивни својства.

реактивизира | св. и несв.

Повторно активизира;

реактивира | св. и несв.

Направи, прави да стане повторно активно, врати повторно во активна положба нешто што било пасивно;