влегува | несв.

вледени | св.

Се претвори во лед, замрзне.

влее | св.

Внесе, исполни со некакво чувство, направи некој да биде обземен од некое чувство или мисла; Тој му влеа храброст со своето однесување.

влез | м.

а) Место низ кое се влегува во некој објект, или во заграден простор, врата; излез. На влезот имаше натпис со името на фирмата. Пред главниот влез имаше стража.

влезе | св.

Со движење стапи, стигне во внатрешноста на определен затворен, ограничен простор. Марко влезе во собата на директорот. Во тој момент змијата влегуваше во дупката. Возот со пиштење влезе во станицата.

влезен | прид.

Што се однесува на влез, на влегување; што служи за влез, влегување. Влезна виза. Влезна врата. Влезен билет.

влезница | ж.

Билет со кој се стекнува право за влез, обично на културна или спортска манифестација.

влекач | м.

Машина, возило за влечење, што се користи за влечење. На влекачите донесоа вагонетки.

влепи | св.

Залепи, припие.

влета | св.

Влезе со летање, во заграден, ограничен простор. Едно врапче влета во мојата соба.