влече | несв.

Со тргање движи нешто не одвојувајќи го од површината. Ловецот го влечеше отепаниот волк по снегот. Трактори и коњи ги влечат тешките трупци од шумата до пиланата. Влече гранки.

влечешкум | прил.

Влечејќи, со влечење. Влечешкум дојде до вратата.

влечивлечка | ж.

Неуредна, мрзлива жена.

влечигора | ж.

Неуреден човек.

влечиортома | ж.

Неуреден човек, мрзлив човек, дембел.

влечка | ж.

Обувка што се навлекува со отворен заден дел. Невестата се појави со влечки на нозете.

влечка | несв.

Со тргање движи нешто не одвојувајќи го од површината. Офицерот ја влечка сабјата по калдрмата. Некои со волови влечкаа во селото греди и дрвја.

влечкар | м.

Занаетчија што изработува влечки.

влечко | м.

Човек што работи бавно и неуредно, што се влече, што се влечка. Околу пазарот имаше секакви парталковци и влечковци.