срчен | прид.

Што е од срча, стаклен. Срчен бокал. Срчена чаша. Срчени чинии.

срчест | прид.

Што е како срча. Срчест мраз.

срчка | ж.

Обично во изразот: Срчка (срдешница) да те фати / да те изеде ‒ клетва.

срчовен | прид.

Храбар, смел.

сст! | изв.

стабилен | прид.

Што трае подолго, што не е привремен; постојан 2. Стабилна работа.

стабилизатор | м.

Направа, уред за стабилизирање, за одржување на постојаноста, неизменливоста на нешто. Стабилизатор на напонот на струјата.

стабилизација | ж.

Доведување на нешто во стабилна состојба. Брза стабилизација. Економска стабилизација. Стабилизација на стопанството.