стабилизационен | прид.
стабилизира | св. и несв.
Направи, прави да биде стабилно, доведе, доведува нешто во стабилна состојба. Новата економска политика ќе го стабилизира денарот.
стабилитет | м.
став | м.
Положба, држење на човековото тело. Грациозен став. Војнички став. Лош став на нозете.
става | несв.
става | ж.
Снага, тело на човекот. Вита става. Кршна става.
ставелка | ж.
Грозд што се беси на нешто заради подолго чување. Потсушена ставелка.
ставенка | ж.
стави 1 | св.
Кладе нешто на определено место или во определена положба. Стави котел со вода на оган. Стави камчиња во саксијата. Свештеникот ги стави венците на глава.
стави 2 | св.
Придонесе да се сретне некој со некого. Да гледаме да ја ставиме со момчето.