сруши | св.

Направи да се претвори во урнатини, да се растури; руши. Тој го сруши стариот ѕид од куќата. Булдожерите ја срушија камената ограда. Силниот ветар ја сруши летната колиба.

срце | ср.

(анат.) Мускулен орган што ја одржува циркулацијата на крвта, поделен на две комори и две преткомори, сместен на левата страна од градите.

срцебиење | ср.

Силно биење на срцето, проследено со забрзување на честотата на срцевата работа, со правилен или неправилен ритам; тахикардија.

срцебол | м.

Болки во срцето.

срцев | прид.

Што се однесува, што припаѓа на срцето. Срцева преткомора. Срцево отчукување. Срцеви болести.

срцевиден | прид.

Што има форма на срце, што личи на срце. Срцевиден лист.

срцевина | ж.

срж_1 Срцевина на коските.

срцелик | прид.

срцест | прид.

срча | ж.

Стакло; парче стакло. Парчосана срча. Ситна срча. Летаа срчи како куршуми.