стадион | м.
Уредено место за спортски натпревари (обично за фудбал) со трибини за гледачите. Фудбалски стадион. Градски стадион.
стадиум | м.
Степен во развојот на некој процес; фаза, период, етапа. Почетен стадиум. Преоден стадиум. Краен стадиум.
стадо | ср.
Поголем број истородни животни што пасат заедно; крдар, булук. Стадо овци. Стадо кози. Биволско стадо. Шарени стада.
стаж | м.
Определено време поминато во исполнување на работни задачи и уредено со посебни правни прописи за вработени лица, работно искуство, минат труд. Десет години стаж. Признат стаж. Боречки стаж.
стажант | м.
Лице што е на стаж, приправник.
стажира | несв.
Поминува некаде на стаж, работи како стажант. Тој стажира во амбуланта.
стажист | м.
стаи | св.
стаи се | св.
За течност ‒ не се движи, се сталожи, се спушти талог на дното. Се стаи виното во бурето.
стаја | ж.
Коњушница.