стакато | ср.

Кратко и отсечно изведување на музички тонови.

стаклар | м.

Тој што произведува стакло и стаклени производи.

стакларија | ж.

Производи од стакло.

стакларник | м.

светларник.

стакларница | ж.

Работилница, фабрика за производство на стакло.

стакларство | ср.

Производство на стакло.

стаклен | прид.

Што се однесува на стакло, што е направен од стакло; што има стакло, застаклен. Стаклен бокал. Стаклена чаша. Стаклени чиничиња. Стаклен излог. Стаклена соба.

стакленица | ж.

Стаклен сад, посатка од стакло.

стакленце | ср.

Парче стакло. Стакленца во боја.

стаклест | прид.