стакли се | несв.
Изгледа како стакло, одразува силен сјај. Се стакли езерото под летното сонце.
стакло | ср.
(само едн.) Проѕирна, тврда и кршлива минерална материја, произведена со обработка на кварц. Производи од стакло.
стакловиден | прид.
Што има својство на стакло, што изгледа како стакло, што личи на стакло. Стакловиден песок. Стакловидна материја.
стаклорезачка | ж.
Машина за режење стакло.
стаклорезец | м.
Тој што реже стакло.
стаклорезница | ж.
Работилница за режење стакло.
стаклоса се | св.
Се застакли, засвети како стакло. Очите му се стаклосаа.
сталагмит | м.
Сига што се таложи од вода што капе на подот на пештерата.
сталажа | ж.
сталактит | м.
Сига што се образува во вид на мразулец на таванот на пештерата од вода што се цеди.