стеноза | ж.

Стеснување на канали или отвори поради некоја болест.

стенокардија | ж.

Напад на болка во градите со чувство на задушување и иманентна смрт, срцева болка.

стенотип | м.

Машина за стенографирање.

степ | м.

Вид танцов чекор.

степа | ж.

Големо рамно пространство прекриено со трева и ниски грмушки во предели со континентална и суптропска клима.

степа | св.

Направи некој со некого да се тепа, предизвика тепачка. Тој ги скара и ги степа другарите.

степен | м.

Висина, ниво. Низок степен на култура. Максимален степен. Степен на општествениот развој. Степен на употреба. Степен на казна.

степенува | несв.

Реди по степен.

степува | несв.

Игра степ, изведува чекори на степ.