стиснатост | ж.

Претерана штедливост, скржавост.

стисне | св.

Притисне, стегне со нешто. Тој стисна на ѕвончето и вратата се отвори. Ги стиснав прстите затворајќи ја вратата. Му го стисна вратот со шалот. Девојчето стисна лимон во чајот.

стисок | м.

Цврсто држење, стискање. Груб стисок. Топол стисок на рака. Прегни ме со стисок. Срдечни стисоци.

стих | м.

Целина од ритмички стапки составена од слогови, одделен ред во стихотворба; верс. Првиот стих од строфата. Чита стих по стих. Мали стихови. Недовршени стихови.

стихар | м.

Вид свештеничка облека.

стихиен | прид.

стихија | ж.

Неконтролирано, спонтано дејство на природни и општествени сили што настанува независно од волјата на човекот, проследено со нарушувања и разорувања. Водена стихија. Удари на стихијата. Огнени стихии.

стихира | ж.

Вид црковна песна.

стихиски | прид.

Што потекнува од природните сили. Стихиска сила.

стихозбирка | ж.

Збирка од стихови, збирка песни. Стихозбирка за деца. Стихозбирка на социјални песни.